- Манчестер Јунајтед, предводен од Сер Џими Ратклиф кој неодамна купи контролен пакет акции и кој како милијардер и голем навивач на клубот сака да го врати на старите стази на успехот.
- Во таа намера Ратклиф често зборува за потребата од нов модерен стадион на место стариот „Олд Трафорд“, а се очекува летово да има тотална распродажба во екипата.
- Манчестер Јунајтед планира да продаде или да не продолжи договор со 21 фудбалер меѓу кои Рафаел Варан, Виктор Линделоф, Маркус Рашфорд, Марсијал, Каземиро, Мегваер, Мектоминеј, Варан, Санчо, Мектоминеј, Ентони, Ван де Бек, Гринвуд и други.
- Педесет и едно годишниот Португалец Пауло Фонсека е нов тренер на италијанскиот вицешампион Милан. Доаѓа на место на Стефано Пиоли со кого не беше продолжена соработката.
- Фонсека својата тренерска кариера ја започнал во родната Португалија уште во далечната 2005-та година кога предводел младински тим во Амадора. Од 2007-ма е во сениорскиот фудбал, а во Португалија ги водел клубовите: 1. декември, Одивелас, Пињалновенсе, Депортиво Авеш, Пакош Фереира, Порто и Брага пред да тргне во странство.
- Одличните резултати во Шахтјор Доњецк го препорачаа да стане тренер на Рома каде остана две сезони без некои поголеми успеси. Реномето го врати во француски Лил кој под негова палка играше супер фудбал и се пласираше во Лига на шампиони. Договорот со Милан му е на 2 години со можност за уште една плус година. Тој е познат како тренер кој сака напаѓачки фудбал и дава шанса на млади играчи.
- Американските медиуми пренесуваат дека на 86-годишна возраст починал легендарниот кошаркар Џери Вест по кого е настанато светски познатото лого на НБА со кошаркарска силуета.
- Џери Вест важи за една од најголемите легенди на НБА. Од 1980-та па се до 2000-та работеше во Лос Анџелес Лејкерс а подоцна своето знаење го пренесуваше и во Голден Стејт Вориорс.
- Џери Вест дури 14 пати учествувал на Ол-Стар натпревари а 12 пати бил биран во тимот на сезоната во лигата. Се прославил откако со Вил Чемберлен и Оскар Робертсон прв станал дел од клубот на играчи кои дале најмалку 25.000 поени во НБА. Во 1960-та бил и заменик капитен на селекцијата на САД на Олимписките Игри.
- Еден е од првите членови на Куќата на славните во Спрингфилд.