- „Сигнал Идуна Парк“, стадионот на Борусија Дортмунд го прослави својот 50-ти роденден. Овој стадион, познат како „Вестфален“, е еден од најпосетените на светот, а на него има прекрасна атмосфера која што ја прави „Жолтиот ѕид“, трибината зад едниот гол каде што седат најверните навивачи на Борусија Дортмунд.
- Капацитетот на овој стадион е 81.365 гледачи а со години веќе е најпосетен стадион во Европа. Сезонава просекот им е 81.287 гледачи.
- Изграден е на 2. април 1974-та година, неколку месеци пред Светското првенство во тогашна Западна Германија. Првиот меч на Мундијалот е одигран токму на овој стадион кој тогаш имал капацитет од 54.000 гледачи. Од тогаш па наваму реновиран е неколку пати а капацитетот е зголемуван неколку кратно.
- Трибината „Жолт ѕид“ или Јужна трибина (Südtribüne Dortmund) е широка 100 метри и висока 40 метри! Собира 25.000 гледачи.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.