Единствените двајца навивачи кои отпатувале во Анталија да ја бодрат Македонија
26 март 2024
- Брачниот пар Биљана и Синиша Павлески од Скопје беа единствените навивачи кои ја бодреа македонската фудбалска репрезентација на пријателските натпревари против Молдавија и Црна Гора во Турција.
- „На сите мои 120 натпревари, без разлика дали во Скопје, Прилеп, Струмица, Малта, Рим, Манчестер или сега во Анталија, сум настојувал цело време да навивам, да ја поддржувам македонската репрезентација. Каква и да е, наша е, ја сакам, некогаш се нервирам, но никогаш не престанувам со поддршката и навивањето“, вели Синиша Павлески.
- Покрај тоа што овие две пријателски му се 119-ти и 120-ти меч во живо на Македонија, тој ги собира и влезниците на нашата репрезентација. Од 282 официјални средби му фалат 37.
- „Започнав во Скопје 1994 како студент. Дојде Словенија, прв натпревар во независна Македонија како домаќин. Не ми се веруваше дека стигна времето и ние да одиме на Европско првенство во фудбал“.