- Вториот најтрофеен фудбалер на сите времиња, Бразилецот Дани Алвеш е пуштен на привремена слобода откако платил кауција од 1 милион евра и откако отслужил четвртина од неговата 4 ипол годишна затворска казна за силување, одлучил судот во Барселона претпладнево.
- Бразилецот кој беше дел од најславната историја на Барселона мора да го остави и шпанскиот и бразилскиот пасош за да се избегне можност од негово бегство и напуштање на Шпанија.
- Тој ќе треба еднаш неделно да се пријавува во надлежниот суд.
- Алвес исто мора да се придржува до забраната за приоѓање на 1.000 метри од неговата жртва, нејзиниот дом, нејзиното работно или кое било друго место.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.