Западот повторно подобар во НБА

Трета година по ред Западната конференција триумфира против колегите од Истокот на натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата. За МВП на натпреварот беше прогласен Крис Пол од ЛА Клиперс.

На завршницата на Ол стар викендот кој оваа година се одржа во Хјустон, селекцијата на Западната конференција славеше со 143:138.

Повторно оваа година најдобрите кошаркари од НБА лигата ги исполнија очекувањата на фановите и одиграа интересен натпревар со многу атрактивни потези. За најдобар играч на натпреварот за прв пат беше прогласен кошаркар на ЛА Клиперс, откако Крис Пол реализираше 20 поени и 15 асистенции.

Западот водеше во текот на целиот натпревар, а во финишот Леброн Џејмс се обиде да направи пресврт, но Коби Брајант ги спречуваше неговите обиди.

Најефикасен беше Кевин Дурент со 20 поени, Блејк Грифин постигна 19, а во поразениот тим се истакнаа Кармело Ентони со 26 и Двејн Вејд со 21 поен. Леброн Џејмс постигна 19 поени.

Источната конференција се уште води со 36 наспроти 27 победи.

18 февруари 2013 - 08:40