Винс Картер беше повеќе во небо отколку на земја

Налетавме на 1 минутна компилација со забивања од ѕверот. Човекот кој со еден потег го примора коментаторот на Ол Стар да повика тајм аут за да дојде на себе.

Првиот и единствен кошаркар со 22 сезони, во 77 годишната НБА историја е Винс Картер. Во 1998-ма на 21 година го облече дресот на Торонто, а во 2020-та на 43 години се прости од кошарката со дресот на Атланта. Во меѓувреме играше за уште шест екипи.

Картер беше уникатен забивач кој дрско и безобразно им играше еден на еден на сите центри, без да гледа кој колку е висок. На постер ги лепеше.

Се одразуваше како од отскочна даска, а потоа следуваше скок со задршка, пируета, цепелин...

Дечкото беше празник за очи и главен конкурент за висок пласман во топ листите на НБА со најатрактивни забивања.

Кај ќе поминеме само со 1 минута. Винс Картер е тоа, поим за атракција на кој не беше имун ниту Мајкл Џордан. Да го видиме неговото омилено Ол стар забивање.

„Најневеројатното забивање што сум го видел е она кога Винс Картер го закачи лактот на обрачот“, рече Ем Џеј.

Погледнете ги реакциите на Шек, Џејсон Кид, Ајзеа Томас... Коментаторот свика тајм аут, а Картер се разбира победи на ова издание во 2000-та.

И трето видео, а во 22 години кариера ги има многу, е она од Олимписките игри во Сиднеј 2000.

Винс Катер 198 см vs Фредерик Вајс 218 см. Значи 20 см разлика. Језиво.

18 јули 2023 - 12:49