Виктор го здроби шампионот со 17 поени за 3 минути, Јокиќ промаши шут за победа

На само еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од сезоната, Денвер Нагетс неочекувано загуби од претпоследниот Сан Антонио и ја загуби челната позиција во Западот.

Актуелниот шампион прокоцка висока предност од 23 поени против тим кој играше меч без резултатско значење, а на 10 секуди до крај Никола Јокиќ имаше чиста позиција од поле за победа која не ја реализираше.

Незаборавна вечер на гостувањето против Нагетси имаше Виктор Вембанјама кој одигра блескава партија со 34 поени, 12 скока и 5 асистенции.

Дебитантот во НБА се покажа во многу јако светло и демонстрираше квалитети со кои најави дека не се снаоѓа добро само на позиција центар.

Французинот во третата четвртина во период од 3 минути успеа да врзе неверојатни 17 поени од кои три тројки.

Кај Денвер најефикасен беше Џамал Мареј со 35 поени, a Јокиќ го заврши мечот со 22 поени, 12 асистенции и 7 скока.

Со овој голем и целосно неочекуван пресврт, шампионот падна на трета позиција на Западната конференција, прва е Оклахома, а трета Минесота.

Спарси се претпоследни на 14-то место. 

13 април 2024 - 11:20