Солзите на Џон Вол, појавата на Кејт и Вилијам и трите продолженија

Со гостинските победи против Индијата и Бруклин, кошаркарите на Атланта и Кливленд врзаа седма победа во низа. Херој на синоќешните натпревари беше Блејк Грифин со 45 поени, а емотивен натпревар имаше Џон Вол.

Со триумфот над Пејсерси од 108:92 „Јастребите" сега се на втората позиција во Источната конференција со скор од 14 победи и 6 победи, а пред нив е тимот на Торонто. Перо Антиќ имаше стандардна минутажа од петнаесетина минути и седум постигнати поени.

Убедлива победа забележаа и Кливленд, а публиката не ги пратеше сите случувања на терен. Во ложата се појави принцот Вилијам и Кејт кои седеа до Дикембе Мутомбо.

На истиот терен се појавија и Бијонсе и Џеј Зи

Цепелинот Џејмс - Томпсон

Клучната тројка на Блејк Грифин кој постигна 45 поени на дуелот против Феникс Санс.

Неговото забивање

Реакцијата на Глен Дејвис

Џеф Грин од кош на кош по звукот на сирената на мечот Вашингтон – Бостон

Тројката на Еван Турнер за првото продолжение

Во второто продолжение клучните поени на 44 секунди до крајот ги постигна Џон Вол кој го заврши мечот со 26 поени, 17 асистенции и 7 скока. Натпреварот на кариерата и го посвети на неговата 6 годишна пријателка Нелсон која синоќа почина од рак.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Атланта 92-108
Вашингтон – Бостон 133-132 (две продолженија)
Бруклин – Кливленд 88-110
Торонто – Денвер 112-107 (продолженија)
Минесота – Голден стејт 86-102
Сакраменто – Јута 101-92
ЛА Клиперс – Феникс 121-120 (продолженија)

9 декември 2014 - 11:26