Словенецот Драгиќ ја обвини Австралија дека мести

Плејмејкерот на словенечката репрезентација е разочаран од развојот на настаните во групата Д и ја обвини Австралија дека намерно загубила од Ангола.

По (не)очекуваниот пораз од Ангола 91:83, Австралија ќе заврши како третопласирана во групата и на тој начин ќе ги избегне САД во четвртфиналето. Имено, во попладневниот дуел, Ангола губеше дури 16 поени разлика, за во вториот дел да постигне 61 од конечните 91 поен.

„Кошарката е прекрасен спорт и во него нема место за местење како што се намести натпреварот Австралија - Ангола.ФИБА треба да превземе нешто по тоа прашање“, напишал Драгиќ на официјалниот твитер налог на кошаркарската унија.

Развојот на настаните и исходот на денешните натпревари и наложуваат на Словенија да мора да ја победи Литванија, за да остане првопласирана и така да го избегне евентуалниот дуел против дрим-тимот во нокаут фазата.

4 септември 2014 - 19:42