Таг: Светско првенство кошарка Шпанија

Кој е најдобриот состав од Европските првенства

Селекцијата на Бразил со Пеле од 1970-та која го освои Мундијалот во Мексико ја сметаат за најсилна од Светските првенства, но кој го заслужува овој епитет на Европските првенства. Холандија 1988? Франција 2000? Шпанија 2008/2012?

Две топ 10-ки од Мундијалот во Шпанија

ФИБА направи две топ листи од Светското првенство во кошарка. На првата ќе може да се потсетите на најдобрите забивања каде на прво место е Србинот Никола Калиниќ, додека за најатрактивен поен е прогласен шутот за три поени на Турчинот Емир Прелиџ.

Моментите кои ја одбележаа светската кошарка во Шпанија

САД повторно се качија на врвот, Кајри Ирвинг се докажа и на интернационално ниво, Ѓорѓевиќ правеше чуда со Србија и Коле со Франција без ѕвездите во тимот, а Шпанија повторно разочара, овојпат на домашен паркет.

САД убедливо до одбрана на златото

Кошаркарите на САД го освоија 17. издание на Мундијалите, откако вечерва супериорно ја совладаа Србија 129:92 и на тој начин ја одбранија титулата освоена пред 4 години во Турција.

Венсан Коле како Наполеон после победата над Шпанија

Француската репрезентација на светското првенство дојде прилично ослабена, но и покрај тоа втора година по ред ѝ застанаа на патот на Шпанија.

Французите ја замолкнаа Шпанија

Се сруши планот на домаќинот на СП во финалето да игра против САД, а за тоа се погрижија триколорите кои со 65:52 ја совладаа Шпанија среде Мадрид.

Богдан од паркинг

Во триумфот на Србија над Бразил во 1/4 финалето од СП, освен Милош Теодосиќ свој ден имаше и играчот на Фенербахче, Богдан Богдановиќ.

Бразил декласиран, Србија во полуфиналето

По Литванија и САД, репрезентацијата на Србија е третиот полуфиналист на СП во Шпанија, откако вечерва со 24 разлика им се одмазди на кариоките за поразот во групната фаза.

Никола Калиниќ со цела сила

Дуелот од 1/8 финалето на СП во Шпанија меѓу Србија и Грција донесе и „безобразно“ забивање од страна на српскиот репрезентативец, кој го залепи Гркот Бурусис за постер.

Србите обезбедија 1/4 финале на убедлив начин

Репрезентацијата на Србија е шестиот четвртфиналист на Светското првенство, откако вечерва со 90:72  ја совлада Грција. 

Валанчунас ја извади Литванија

Со победата над Нов Зеланд (76:71), кошаркарите на Литванија се пласираа во 1/8 финалето на Светскиот куп во Шпанија.

Словенецот Драгиќ ја обвини Австралија дека мести

Плејмејкерот на словенечката репрезентација е разочаран од развојот на настаните во групата Д и ја обвини Австралија дека намерно загубила од Ангола.

Литванија победи без слободно фрлање, Грција убедлива против Хрватска

Во вечерашните натпревари од четвртото коло, хелените стигнаа до четвртата победа во низа, додека Кореа го претрпе четвртиот пораз, од Литванија која стигна и да постави рекорд на Светските првенства.

Хаката ја исплаши Украина, Бразил ја совлада Србија

Кошаркарите на Иран, Порторико и Нов Зеланд ги остварија првите победи на првенството, а Турција подобра од Финска по продолженијата. Триумфи остварија уште и Словенија, Австралија, Бразил и Аргентина.

САД регуларно против Нов Зеланд, Турција поразена од Украина

Затворањето на третото коло на СП во Шпанија донесе и нови изненадувањa, откако Украина ја совлада Турција 64:58 а Литванија загуби од Австралија 82:75. Очекувањата ги исполнија Мексико и САД во дуелите против Ангола, односно Нов Зеланд.

Најдборите 5 потези од третото коло на СП Шпанија 2014

Третата рунда од натпреварите по групи го донесе и неочекуваниот триумф на Сенегал над Хрватска, а фаворитите ја оправдаа својата улога и не дозволија дополнителни изненадувања. Во меѓувреме, ФИБА ги објави Топ 5 потезите на колото, во кои доминираат Пау Гасол и неговата Шпанија, Радуљица (Србија), Ндијае (Сенегал) и селекцијата на Филипини.

Грција до трета победа, Филипините ја намачија и Аргентина

Третото коло го обележа неочекуваниот пораз на Хрватска од Сенегал, а останатите фаворити по планот. Славеа Србија, Франција, Аргентина, Грција и Шпанија.

Сенегал ја спушти Хрватска на земја

Африканската селекција го оствари вториот триумф на првенството, откако попладнево ја совлада Хрватска со 77:75. Диенг е најзаслужен за првото изненадување на првенството.

Енгри брдс заслужни што Финска игра на СП

Февруарското доделување на вајлд карти за учество на Мундијалот предизвика бурни дебати во кошаркарската јавност, а скандинавската селекција на необичен начин обезбеди учество на првенството во Шпанија.

СП: Фаворитите со победи го затворија второто коло

Селекциите на САД, Шпанија, Грција и Литванија триумфално го затворија вториот ден од натпреварувањата по групи на СП во Шпанија. Нивни „жртви“ вечерва беа Турција, Египет, Филипини и Ангола.

Бразил убедлив, Франција до првата победа

Во попладневните натпревари од второто коло на Мундијалот, „триколорите“ ја совладаа Србија со кош на Ловерњ во последната секунда. По дебаклот од САД синоќа, Финска неочекувано ја победи Украина. Нови бодови запишаа Словенија и Бразил, а Сенегал стигна до првата победа на Светското првенство.

Гаучосите поразени од Хрватска, славеше и Доминикана

Во дербито на групата Б. избраниците на Јасмин Репеша го остварија и вториот триумф на првенството, откако попладнево ја совладаа Аргентина со 90 - 85 . Раниот термин донесе и прва победа за Доминиканска Република, која го изненади Нов Зеланд. додека Австралија тренираше со Јужна Кореја, 89 - 55 .

СП: Хрватска се провлече, Турција подобра од Нов Зеланд

Во натпревар кој за малку ќе донесеше сензација на отворањето на Мундијалот во Шпанија, „коцкестите“ по продолженијата славеа над Филипини. Турција со серија од 15:0 во последната четвртина го скрши отпорот на Нов Зеланд. Од фаворитите славеа уште и Србија и Украина против Египет, односно Доминиканска република.