Сенегал ја спушти Хрватска на земја

Африканската селекција го оствари вториот триумф на првенството, откако попладнево ја совлада Хрватска со 77:75. Диенг е најзаслужен за првото изненадување на првенството.

По среќниот исход во мечот со Филипини, кога Хрватите славеа по продолженијата и вчерашната победа над Аргентина, избраниците на Јасмин Репеша во третиот меч од групата А не можеа да го издржат темпото кое го наметна Сенегал.

Откако имаа позитива од 9 поени разлика по првиот дел, Сенегалците ниту во второто полувреме не престанаа да го полнат кошот на фаворитот на овој дуел, по што заслужено славеа 77:75.

Сега двете репрезентации имаат по 2 победи и 1 пораз, а Грција има максимален скор пред дуелот со Порторико вечерва (20:00).

Група А, резултати:

Сенегал - Хрватска 77:75
/Диенг 27 п 8 ск, Далмеида 15 п - Шариќ 15 п 6 ск 6 ас, Богдановиќ 15 п, Томиќ 14 п 9 ск/

Аргентина - Филипини 17:30

Грција - Порторико 20:00

ТАБЕЛА: 1. Сенегал 2-1, 2. Хрватска 2-1, Грција 2-0, Аргентина 1-1, Порторико 0-2, Филипини 0-2

1 септември 2014 - 14:46