Гаучосите поразени од Хрватска, славеше и Доминикана

Во дербито на групата Б. избраниците на Јасмин Репеша го остварија и вториот триумф на првенството, откако попладнево ја совладаа Аргентина со 90 - 85 . Раниот термин донесе и прва победа за Доминиканска Република, која го изненади Нов Зеланд. додека Австралија тренираше со Јужна Кореја, 89 - 55 .

Ветеранот Луис Скола не можеше сам против триото на Хрватска Симон, Шариќ и Бојан Богдановиќ кои заедно постигнаа 50 поени.

Аргентина добро се носеше во првите 2 четвртини, но веќе во вториот дел Хрватска заигра поагресивна одбрана, по што направи серија 9:0 која што ја одржуваше до крајот.

По второто коло, Хрватите се први во групата Б со 4 бода, Аргентина е втора со 2, колку што има и Грција која вечерва (20:00) е фаворит во дуелот против Филипини. Претходно, Сенегал и Порторико играат од 17:00 ч.

Нов Зеланд - Доминиканска Република 63 - 76
/Аберкромби 22 п, Пени 16 п 5 ск,  - Гарсија 29 п, 6 ск, 6 ас/

Аргентина - Хрватска 85 - 90
/Скола 30 п 9 ск, Кампацо 13 п - Симон 18 п 4 ск, Шариќ 16 п 7 ск, Богдановиќ 16 п/

Австралија - Јужна Кореја 89 - 55
/Инглс 17 п, Бејрстоу 13п 4 ск, Бејнс 13 п - Ким 13 п/

31 август 2014 - 15:36