Литванија победи без слободно фрлање, Грција убедлива против Хрватска

Во вечерашните натпревари од четвртото коло, хелените стигнаа до четвртата победа во низа, додека Кореа го претрпе четвртиот пораз, од Литванија која стигна и да постави рекорд на Светските првенства.

Иако некои од селекциите на Светското првенство калкулираа на денешните натпревари, а сè со цел да избегнат некој фаворит во нокаут фазата, репрезентацијата на Грција не размислуваше така и со висока разлика ја победи Хрватска.

Со триумфот, Грците како првопласирана селекција ќе одат во 1/8 финалето.

Во исто време, Литванија со 30 поени разлика ја преслуша Кореа, а натпреварот имаше историски момент затоа што Литванците ниту еднаш не застанаа на линијата за слободни фрлања.

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО ГРУПА А:

Иран - Египет 88 : 73
/Бахрами 24п, Хадади 23п 15ск - Шуша 15п/

Србија - Бразил 73 : 81
/Теодосиќ 14п - Маркињос 21п, Барбоса 16п/

Шпанија - Франција 88:64
/Марк Гасол 17п 6ск, Пау Гасол 15п 4ск - Дио 11п 4 ск, Батум 11п/ 

ТАБЕЛА: Шпанија 4-0, Бразил 3-1, Франција 2-1, Србија 2-2, Иран 1-3, Египет 04;

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО ГРУПА Б:

Филипини - Порторико 73 : 77
/Блач 25п 14ск - Бареа 30п, Санчес 13п 4ск, Уертас 13п/ 

Аргентина - Сенегал 81 : 46
/Скола 22п 14ск, Херман 11п - Диенг 11п 8ск/ 

Грција - Хрватска 76 : 65
/Кајмакоглу 14п 6ск, Папаниколау 14п - Богдановиќ 20п/

ТАБЕЛА: Грција 4-0, Аргентина 3-1, Хрватска 2-2, Сенегал 2-2, Порторико 1-3, Филипини 0-4; 

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО ГРУПА Ц:

Нов Зеланд - Украина 73 : 61
/Пени 17п 7ск, Бартлет 14п - Корниенко 15п/

Турција - Финска 77 : 73 (по продолженија)
/Ашик 22п 8ск - Копонен 17п/

Доминиканска Република - САД 71 : 106
/Лиз 15п - Фарид 16п, Каузнс 13п 5ск/ 

ТАБЕЛА: САД 4-0, Украина 2-2, Турција 2-2, Доминиканска Република 2-2, Финска 1-3, Нов Зеланд 1-3; 

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО ГРУПА Д:

Мексико - Австралија 62 : 70
/Ајон 11п 9ск - Бејнс 21п 5 ск, Брекхоф 12/

Словенија - Ангола 93 : 87
/Лорбек 17п, Драгиќ 14п - Фортес 21п 5ск, Мореира 20п/

Литванија - Ј. Кореја 79-49
/Јускевичиус 20п 3ск, Мотејунас 18п 7ск 5ас - Мун 15п/ 

ТАБЕЛА: Словенија 4-0, Австралија 3-1, Литванија 3-1, Мексико 1-3, Ангола 1-3, Кореја 04;

3 септември 2014 - 22:27