Што прават ѕвездите од легендарниот НБА драфт 1998

Тоа е година која ја паметиме по кичмата која Џордан му ја скрши на Расел во последниот напад за 4:2 во финалето, но тогаш беа драфтувани и двајца идни членови во Куќата на славните, неколку Ол стар играчи и славни кошаркари.

Мајк Биби беше втор пик на драфтот во Ванкувер.

Кариерата ја заврши во 2012 година по 14 сезони, а денес го тренира син му во средното школо во Аризона.

Винс Картер беше избран како петти од Голден Стејт Вориорс.

Сега игра за Мемфис, а во 17-та НБА сезона беше дел од Ол стар викендот осум пати.

Роберт Трејлор, шестиот пик на драфтот, почина на 34 години од срцев удар во 2011-та по седум одиграни сезони.

Џејсон Вилијамс беше избран како седми од Сакраменто Кингс.

Се пензионираше во 2014-та.

Дирк Новицки беше деветти пик на драфтот избран од Милвоки Бакс.

Премина во Далас Маверикс каде игра веќе 17 сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Пол Пирс беше 10-ти во Бостон Селтикс.

Играше 17 сезони, а сега е член на Вашингтон Визардс. Тој е 16-ти најдобар стрелец во историјата на НБА.

Бонзи Велс беше избран како 11-ти од Детроиот Пистонс.

Играше 10 сезони во НБА, а потоа влезе во тренерски води.

Кеон Кларк беше 13-ти пик на драфтот во Орландо Меџик.

Играше 6 години во НБА, а во 2013-та доби 8 годишна казна затвор откако беше обвинет за нелегално поседување на оружје.

Мет Харпринг беше 15-ти пик избран од Орландо Меџик.

Се пензионираше во 2009-та и сега работи како ТВ аналитичар за Јута Џез.

Рашо Нестеровиќ беше избран од Минесота како 17-ти.

Играше 11 сезони во НБА, а во 2014-та беше именуван за генерален секретар на Кошаркарската федерација на Словенија.  

3 јуни 2015 - 21:36