Се бара исчезнатиот талент на Пол Џорџ

Фрустриран навивач на Индијана Пејсерс објави оглас со кој го бара исчезнатиот талент на Пол Џорџ.

Кошаркарите на Индијана Пејсерс загубија 8 од последните 12 натпревари и ја загрозија нивната лидерска позиција на Истокот.

Причини за нивниот пад има повеќе, а според многумина главен кривец е Пол Џорџ. 23-годишниот кошаркар на почетокот беше кандидат за МВП и ја предводеше Индијана до 16-1, но со падот на неговата форма следеа и поразите на Пејсерси.

По серијата порази очекувано беше и разочарувањето на навивачите, а еден од нив објави оглас на Крегслист во кој го бара исчезнатиот талент на Пол Џорџ.

Исчезна талентот на краткотрајната НБА ѕвезда Пол Џорџ. Очајни сме да го споиме талентот со телото пред да започне НБА плејофот", се вели во огласот.

 

15 април 2014 - 14:42