Сан Антонио загуби во последна секунда, Леброн го доби Мело

Капак на очајната шутерска вечер на Спарс стави Бил Бредли кој со тројка со звукот на сирената му нанесе нов овосезонски пораз на поранешниот шампион.

Освен што постигна 25 поени со 5 скокови и 4 асистенции, и беше најефикасен поединец на мечот Сан Антонио - Вашингтон, Бредли Бил ги постигна и клучните поени со сирената за триумф на Визардси. Кавај Ленард со 23 поени и 9 скокови беше најрасположен кај Спарси.

Тројката на Бил во последната секунда за победа:

Хајлајтс од мечот:

Стефон Кари продолжува да ужива во кошарката на стартот од сезоната. Синоќа на дербито против ЛА Клиперс постигна 31 поен со 5 скокови и 4 асистенции. МВП-то од минатата сезона постигна тројка за водство во финишот а потоа ја завери победата од слободни фрлања.

Тројката на Кари:

Новата фантастична партија на Стеф Кари:

Клеј Томпсон го затвори тој меч со банана на Томпсон:

Во дуелот на најдобрите другари, Кралот Џејмс беше поуспешен од Мело. Леброн полека фаќа ритам и со 23 поени (9-23 од игра) беше прв стрелец во триумфот на Кливленд над Њујорк Никс кај кои Мело имаше 17 поени и 12 скокови.

Средбата на старите добри другари:

Пар добри потези на рукито Кристапс:

Торонто Репторс продолжува да ја пишуваат историјата на франшизата, откако синоќа го забележаа и петтиот триумф по ред и со Голден Стејт се единствен непоразен тим од почетокот на сезоната. Овој пат беа подобри од Оклахома Сити Тандер а најзаслужен беше Демар Дерозен со 28 поени (14/15 слободни фрлања).

Репторс влегоа во историјата на франшизата:

Топ 10 потези на вечерта: