Рекордниот трипл дабл во историјата на НБА за Божиќ е дело на Јокиќ

Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој не застанува да импресионира. Со моќната партија против Феникс Санс го бележи третиот трипл дабл во само една недела и 83-ти во кариерата. Нагетски се први на Запад.

Со 41 поен, 15 скока и 15 асистенции, Никола Јокиќ беше незадржлив против Феникс Санс кој Нагетси го совладаа во многу драматичен и неизвесен натпревар кој заврши дури после продолженија со 128:125.

Двократниот МВП на сезоната овој пат не само што запиша нов трипл дабл, туку и го оствари најдобриот во историјата на НБА за време на Божиќ.

Јокиќ доби голема помош од Арон Гордон кој партиципираше одлично со 28 поени и 13 скокови и ја забавуваше публиката со атрактивни забивања. Мареј постигна 26 поени.

Токму Гордон ја реши големата битка со монструозно забивање за победа кое прво беше поништено поради фаул во напад, но потоа со помош на „челенџ“ на домаќинот, кошот беше признат.

Joker, master of all buckets 🪣 pic.twitter.com/jcSM8Qca0O

26 декември 2022 - 09:02