Пораз за Атланта и на последниот претсезонски тест

Без сите играчи од стартната петорка на претходниот натпревар, Атланта Хокс загубија од Далас Маверикс на последниот натпревар пред почетокот на новата сезона, а Антиќ доби најголема минутажа до сега.

Шест порази за Атланта Хокс на седум претсезонски натпревари. На последниот тест пред новата сезона која започнува за една недела, Атланта загуби од Далас Маверикс со 98:88.

Она што нас не интересира е настапот на Перо Антиќ кој на овој натпревар доби најголема минутажа до сега. За 29 минути на паркетот, Антиќ беше најдобар скокач во својот тим со 8 скокови, но на овој натпревар имаше проблеми со реализацијата и постигна 2 поени од слободни фрлања, а биеше 0/6 за 2 и 0/4 за три поени. Антиќ направи и 3 асистенции и украде една топка.

Најефикасен во редовите на Атланта беше Шредер со 21 поен, а Скот постигна 19. Дирк Новицки со 17 поени беше најефикасен кај Далас Маверикс.

Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 30 октомври, а Атланта Хокс на стартот ќе се сретнат токму против Далас Маверикс.

24 октомври 2013 - 08:24