Пијалокот на Кид вреди 50.000 долари

Џејсон Кид заработи казна за намерното истурање на пијалок на паркетот за време на натпревар.

Тренерот на Бруклин Нетс ја истури најскапата чаша сок на сите времиња. Кид ќе треба да плати казна од 50.000 долари за сцената со истурање која ја направи на натпреварот против Лејкерс.

На 8,3 секунди до крајот на натпреварот кога Бруклин немаа веќе тајм-аути, Џејсон Кид смисли нова тактика за да добие неколку секунди за кои неговиот помошник го нацрта последниот напад.

29 ноември 2013 - 08:36