Партија на кариерата за Нено против ЦСКА на Рајковиќ, ги уништи со 40 поени

Македонскиот дуел во рускиот кошаркарски шампионат му припадна на Ненад Димитријевиќ кој блесна против ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ. Му се насмевнува МВП признанието.

Македонскиот плејмејкер одигра страшен натпревар со рекордни 40 поени, како и 9 асистенции, 6 скока и 2 украдени топки.

Шутираше со 8 од 11 за два поени, 7 од 9 за тројка и 3 од 4 од линијата за слободни фрлања.

Со овој совршен натпревар на Димитријевиќ, Уникс како актуелен шампион на Русија го освои првото место на табелата во регуларниот дел од сезоната и важи за фаворит за титулата.

После оваа историска партија, тој е многу блиску и до освојување на МВП наградата, за најкорисрен играч на сезоната.

13 април 2024 - 21:47