Одличен финиш на годината за Перо и Атланта

Јастребите ја остварија и 24. победа сезонава, откако доцна синоќа по втор пат годинава го совладаа Кливленд, 109:101. Кавалерс играа без Леброн Џејмс, додека Антиќ одново беше стартер и одигра 23 минути.

Без Пол Милсап и Леброн Џејмс, Атланта и Кливленд синоќа одиграа ефикасен натпревар. Пол Милсап со 26 погодоци и Џеф Тиг со 23 поени и 11 скока им донесеа триумф на Хокси кои се втори на Истокот со 24 победи. Перо Антиќ за прв пат после неколку натпревари беше стартер. Македонецот одигра 23 минути, даде пет поени, а имаше и две асистенции и еден скок. Во отсуство на Леброн, кој паузираше поради лесна повреда на коленото, Кајри Ирвинг беше прв стрелец во Кливленд со 35 поени. Следниот натпревар, Атланта го игра против Јута Џез во петок.

Тројката на Кајри Ирвинг под фаул:

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Коби Брајант се врати во тимот и забележа трипл-дабл учинок во победата на Лејкерс 111:103 против Денвер Нагетс. Капитенот на Лејкерс постигна 23 поени, 11 асистенции и 11 скокови. Тоа беше 21. трипл-дабл за Коби во НБА кариерата. Голем удел во важната победа за Лејкерс во борбата за Плејофот имаа и Карлос Бузер со 19 поени и 8 скока и Рони Принс со 18 поени. Јусуф Нурлиќ и Тај Лосон дадоа по 16 поени за Денвер.

Tрипл-даблот на Брајант:

Одличната акција на „езерџиите“:

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во дербито на вечерта, Портланд Трејл Блејзерс и Торонто Репторс играа продолжение, а на крајот победата ја однесе екипата на Дамјан Лилард, 102:97. Лилард имаше 26 поени и 9 асистенции. Ламаркус Олдриџ забележа дабл-дабл учинок со 23 поени и 13 скокови. Најефикасен во канадскиот тим беше Кајл Лаури со 25 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Серијата тројки со кои Портланд стигна до продолжението:

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Актуелниот шампион Сан Антонио неуспешно ја завршува годината, откако доживеа нов пораз, овој пат од Мемфис на гости 95:87. Најдобар кај Гризлис беше Мајк Конли со дури 30 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Марк Гасол додаде 17 коша и 9 скокови, а Кори Џозеф даде 18 поени за Спарси, колку што имаше и Марко Белинели.

НБА Резултати:

Мемфис – Сан Антонио 95:87
Њу Орлеанс – Феникс 110:106
Орландо – Детроит 86:109
Атланта – Кливленд 109:101
Чикаго – Бруклин 82:96
Далас – Вашингтон 114:87
Денвер – ЛА лејкерс 103:111
Јута – Минесота 100:94
Портланд – Торонто 102:97 п.п.
Голден стејт – Филаделфија 126:86.