Невообичаен кошаркарски габарит здроби под кош и запиша историски пресврт

Дуото Јокиќ-Дончиќ е мега актуелна балканска приказна во НБА и поим за доминација, но пазете ја вие оваа женска кошаркарска атракција која ги наполни насловните страници во САД.

Нема баш конституција за спортист, освен ако не одлучи да се спрема за ракомет каде веднаш би ја добила позицијата пикер, но девојката ги руши таквите стереотипи.

Се вика Ауди Крукс, има 19 години и девојки, нејќете да ја чувате под кош. Благодарение на нејзе викендов се случи вториот најголем пресврт во историјата на женската NCAA кошарка.

Настапува за кошаркарската екипа од Универзитетот во Ајова кој славеше над Мериленд со 93:86. 

На полувреме Мериленд водеше со 20 поени разлика, но си имаше работа со доминантната 191см висока Крукс која го заврши мечот со 40 поени, 12 скока и 2 блокади.

Од поле шутираше 18/20 и со тоа запиша партија за историјата. Стана првата кошаркарка со 40 поени и 90% шут од поле во НЦАА и втор најдобар дебитант откако постори турнирот.

Нејзиниот настап беше најдобро виден од дебитант на NCAA во последните 25 години и втор најдобар во историјата. Само Барбари Кенеди со 43 поени била поефикасна од неа.

И сега внимавајте на овој податок. Ауди Крукс е двократна шампионка во средно училиште во фрлање ѓуле и во диск.

Но погледнете ги нејзиниот талент и доминација во кошарка. Растур систем.

Во Америка игра женски Шекил О’Нил и тоа игра многу добро

25 март 2024 - 09:09