Нема нам више Дражена

Со овие зборови Славко Цвитковиќ ја објави најтажната вест во својата новинарска и водителска кариера. Најтажна вест досега емитувана во хрватскиот етер, а поминаа 27 години. Прерана смрт на кошаркарскиот Моцарт, гениј и идол поради кои многумина играа со портокалова топка на својот маалски кош.

Фудбалскиот генијалец кој е според многумина најдобар на сите времиња, Диего Марадона го посети гробот на Дражен. Носеше голем број на рози, а новинарите го прашуваа зошто носи толку многу?

„Ставив 62 рози на неговиот гроб, ако некој не знае колку поени постигна Петровиќ во финалето на Купот на шампиони во 1989-та, нека се срами“.

Дражен не му попушташе на никој, па му се жалеа што како сениор на Цибона на 19 години, на јуниорскиот тим на Олимпија составен од 17 годишници им дал 112 коша.

На новинарско прашање зошто го сторил тоа, тој одговорил во свој стил:

„Нека тренираат повеќе“.

Таков и беше. Тврдоглав, упорен, непопустлив спрема сите. Познати се приказните дека тој бил единствен кој верувал дека можеме да го победиме единствениот вистинскиот американски Дрим тим на Олимписките игри, додека другите се надеваат на фотографирање со Џордан, Меџик и другите.

За него може да се пишува и зборува со денови, но не треба да се комплицира, затоа што тој во својата игра никогаш не комплицираше и сè изгледаше едноставно.

Од додавање зад грб или кроз нозе до Раѓа на Европското првенство во Загреб кога ги прегазивме Грците, до тројка од 8 метри по која следуваше пресврт, детска насмевка и две раце во воздух додека се враќа во одбрана.

И како што вели стихот од песната „Sve je manje suza, a ti se ne ljuti, slomljena nam duša u prsima ćuti...“.

Ти благодарам Дражен.

Виа

Кога му го украде новчаникот на Олајџувон.

8 јуни 2020 - 14:05