МЗТ поразен, Партизан ја продолжи серијата во Аеродром

Аеродромскиот клуб го претрпе и петтиот пораз на последните шест натпревари. Пред 5.000 гледачи во СЦ. Јане Сандански, Партизан славеше 55:63 и ја продолжи триумфалната низа на седум победи по ред.

Двата тима заиграа отворена кошарка уште на стартот и тоа резултираше со 43 коша во првите десет минути. Партизан играше најчесто преку Мачван и Павловиќ, кои го одржуваа белградскиот состав на четири поени предност 12:8. Од друга страна, Сеад Шеховиќ не му дозволи на противникот рано да стекне повисока предност и со неколку поени во серија успеа да ги надомести промашувањата на соиграчите. Сепак, првата четвртина ја доби Партизан 19:24.

Кош за кош се играше и во вториот квартал, кога Синовец и Лучиќ го вратија МЗТ Скопје на само два поени негатива, по што гостинскиот тренер Душко Вујошевиќ повика тајм-аут, свесен дека натпреварот може да отиде во спротивна насока по неговиот тим.

Ако во првиот период парираа под обрачите, металците во втората четвртина потфрлија, а гостите го искористија тоа и после поените под кош, на полувремето заминаа со осум поени предност 38:30.

МЗТ Скопје го имаше првиот напад во второто полувреме, но Шеховиќ не реализираше, а на другата страна погоди Андриќ за десет поени предност на Белграѓани. Следуваше забивање на Диксон, после кој домашните навивачи уште погласно го бодреа својот тим, а со трите поени на Урош Лучиќ, МЗТ се врати на само пет поени негатива.

По фаулот на Гагиќ во напад, Диксон одново заби и МЗТ поведе со 47:46 на минута пред крајот на третиот дел. Во четвриот период, на седум минути пред крајот резултатот беше нерешен 51:51. Партизан се одлепи на +6 поени после двете тројки по ред на Тепиќ и Милосављевиќ, а МЗТ Скопје потоа не искористи два напади во серија и гостите заминаа на +8 (59:51). Се испостави дека тоа беше клучен момент на мечот, затоа што МЗТ Скопје до крајот одново се обиде да се врати во игра, но неуспешно.

Црно-белите славеа 63:55 и на тој начин стигнаа до седмата победа по ред во АБА лигата. МЗТ Скопје го претрпе и третиот пораз по ред, а шести на последните пет натпревари. Најефикасен играч на мечот беше Сеад Шеховиќ со 19 поени и 4 скокови, а Урош Лучиќ придодаде 10 погодоци. Во победничкиот состав, Саша Павловиќ уфрли 13 поени, а Мачван 10 поени со 7 скокови.

Во следното 21. коло, аеродромскиот состав игра против Металац од Ваљево, а Партизан го пречекува „фенерџијата“ Левски во Пионир.

31 јануари 2015 - 23:02