Таг: мзт скопје

Остај ти Џибони, ние Куп имаме за славење

Интересно беше синоќа околу полноќ пред салата Јане Сандански. Додека внатре одеа хитовите на балканската ѕвезда Џибони, надвор Фемили Аеродром се спремаа за пречек на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои во Битола го совладаа Пелистер и го освоија Куп трофејот број 12.

10 годишниот предизвик на Андреј од Аеродром

„На седмо небо сум бидејќи освоив титула со тимот за кој навивам целиот мој живот, за гордоста на нашата населба“.

Шампионски пречек за 10-та титула на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 3:0 го збришаа Пелистер и ја одбранија титулата во македонското првенство. Фемили Аеродром не спиеа и ги чекаа да се вратат од гостувањето во Битола. Следуваше пиротехничко шоу и песна за шампионот.

Македонско финале со НБА атракции

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 20 поени разлика (84:64) ја стартуваа финалната серија против Пелистер која се игра во три добиени. Походот кон одбраната на титулата, аеродромци ја почнаа убедливо, но и со атракции во режија на Малик Абу, Андреј Маслинко и Кеандре Кук.

Дно дна потег на тренерот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со победа против Кожуф од 83:69 го стартуваше четвртфиналето од плејофот. Втората четвртина од мечот донесе циркузантска сцена со тренерот на домаќините, Драган Николиќ кој незадоволен од судиска одлука, влезе на терен и бесрамно собори противнички играч.

Акцијата број 1 на дербито во изведба на цела петорка на МЗТ

МЗТ и Работнички одиграа дерби за мерак со голема неизвесност, навивачки шмек од страна на двете групи, пиротехника и без инциденти. Аеродромци славеа 91:87, а најдобар на паркетот беше Војдан Стојановски со 26 поени, 5 скока и 4 асистенции. Одиме со најубавата акција на мечот во режија на победниците.

Тренерот на МЗТ Скопје во свој елемент

МЗТ Скопје го доби големото дерби во Јане Сандански против Работнички со 91:87, ама во цел регион сè уште хит број 1 е реакцијата на Драган Николиќ, кој лудо ја прослави првата победа во АБА лига против Цедевита Олимпија.

15 годишно дете од МЗТ со атрактивно забивање во стилот на Џордан

Се вика Борјан Китановски, има 15 години, висок е 190 см и ја заби со толку голема леснотија, како ретко кој во јуниорската македонска кошарка. Секоја чест дете. Се работи за меч меѓу МЗТ и Струмица.

Навивачите на МЗТ со бугарско знаме ги провоцираа Чкембари

По теркот на Комити на ракометното дерби и Фемили Аеродром ги пецнаа битолчани за бугарофилство. Причината за тоа е што на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола имало и членови на навивачката група Чкембари.

Работнички - МЗТ: Деца играат, родители ќе се тепаат

Апсурдни сцени ни доаѓаат од младинската кошарка во Македонија, каде на градското дерби за малку ќе се пресметаа татковците на играчите. Оди измери им го паметот.

Навивачите на МЗТ со транспарент: Перо Кантиќ

Градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше за момент во прекин, поради транспарент на домашните навивачи, наменет за претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија.

Американецот со големо срце што едвај чека да заигра во убавата Македонија

Тодрик Гочер има 27 години, роден е во Лабак, град во сојузната држава Тексас каде деновиве често се пишувало за него, од многу интересна причина.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Какво дерби, пушти си порно

За време на вечното градско дерби кое овојпат убедливо им припадна на Аеродромци, еден возрасен човек најде подобра занимација.

Прекин на дербито Работнички - МЗТ, навивач упадна на терен

На три минути пред крајот од третиот период, кошаркарот на МЗТ Скопје Пенов бурно реагираше зошто домашните навивачи го плукале од трибините па судиите го запреа времето а по неколку секунди и го прекинаа мечот зошто сега нив ги плукаа навивачи на МЗТ. На крајот делегатот во консултација со судиската тројка донесе одлука мечот да се доигра утре од 18 часот без публика.

Фемили Аеродром се враќаат на трибина

По речиси две години и шест месеци во бојкот, најверните навивачи на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје наскоро би можеле одново да бидат „ветар во грб“ за Металците.

Ја знаете ли индонезиската „И нека знае Јадранот“?

Не можеме да се кладиме дека ја слушнале од Аеродромците, иако навивачите на МЗТ Скопје тврдат дека не знаат кој освен нив ја преработил епската I beleive I can fly. Во секој случај како и да е, мелодијата е певлива и многу заразна.

Како Фамилија Аеродром го црташе огромниот графит

Графитот долг 350 метри и висок три метри на кејот на Вардар во Аеродром беше дел од акцијата ФАтаморгана со која Фамилија Аеродром се почасти за својот 20-ти роденден. Го спремаа 5 дена.

Фемили Аеродром направија шоу на Вардар за роденденот

Ако сте под клима или некаде под сенка немој да кукате дека ви е жешко, туку гледајте што правеа летово навивачите на МЗТ Скопје.

Кога дете заигра за Никол Ферт Гостивар со ветераните

Македонија сигурно е единствената земја во светот каде најмладиот рекордер кој дебитирал во првата Супер лига имал неполни 10 години и играл со ветерани кои во тој момент можеа да му бидат дедовци, не татковци.

Графитот на МЗТ Скопје кој не се брише

Од епските слободни фрлања на Перо Блажевски кои беа клучни за гигантот Реал Мадрид да падне на колена во Скопје, освен што не се бришат спомените на Аеродромци, не смее да се пипне ниту овој нивен омилен графит.

Најлегендарното видео парче за македонската кошарка

На 6 ноември 1996-та 8-кратниот Европски првак Реал Мадрид му гостуваше на МЗТ Скопје во рамките на Евро Купот. Тој што беше присутен во салата Јане Сандански и по 20 години ја раскажува лудницата која ја доживеал од тој меч кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт.

Задар не го заборава Тодор Гечевски

Легендата на мак кошарката, Тодор Тоше Гечевски најдобрите денови од својата кариера ги мина во хрватски Задар каде имаше иницијатива да му се крене биста пред салата „Крешимир Чосиќ“. На пријателскиот меч Работнички - Фенербахче, по повод 70. роденден на Скопјани, Гечевски ги одигра последните минути во кариерата а публиката долго го скандираше неговото име. Тој е можеби единствениот играч околу кој се сложуваат навивачите на Работнички и МЗТ Скопје. Кавадарчанецот сега работи како тренер на младинците на Работнички.