Македонско финале со НБА атракции

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 20 поени разлика (84:64) ја стартуваа финалната серија против Пелистер која се игра во три добиени. Походот кон одбраната на титулата, аеродромци ја почнаа убедливо, но и со атракции во режија на Малик Абу, Андреј Маслинко и Кеандре Кук.

Најефикасен на мечот со 24 поени и 6 скока беше Абдул Малин Абу. Втората пресметка е закажана за во среда од 19 часот, повторно во Јане Сандански.

 

29 мај 2023 - 10:50