Македонија го потврди пласманот на ЕП 2015

Македонската кошаркарска репрезентација уште еднаш, без проблеми ја совлада Белорусија во последниот квалификациски меч за Евробаскетот и стигна до петтото учество на континенталните собири.

Со пет победи и само еден пораз, нашиот национален тим ослабен без носителите на играта од историското Европско во Литванија, демонстрираше голема борба и желба за надигрување, пред новиот предизвик за Европско првенство кое домаќинот ќе го добие на 8 септември.

Избраниците на Александар Џикиќ славеа против Белорусите со 72:66 и како второпласирана селекција во групата Д ќе патуваат на следнот Евробаскет. Математиките за првата позиција во групата која ќе ни донесеше поповолни противници беше триумф од +25 поени разлика.

Единственото водство на гостите беше со стартните три поени во првата минута, на кое нашите кошаркари одговорија со серија од 11:0. Македонија тргна жестоко и уште по првите 10 минути стигна до одлични 28:17.

По намалувањето на Белорусија во вториот период втората двоцифрена предност ја обезбеди Ѓуровски со тројка. Македонија не ја задржа ефикасноста во втората четвртина и на пауза замина со предност од 40:34.

Најблескавиме моменти за нашиот национален тим се случуваа во првите 5 минути од вториот дел во кои го торпедираа противникот со серија од 14:0, со што ја кренаа публиката на нозе во „Борис Трајковски“ и остварија водство од +20.

Темпото падна во последните 10 минути во кои нашите кошаркари се опуштија и беа далеку од високото водство за лидери во групата.

Хендрикс стигна до нов дабл дабл учинок со 12 поени и 10 скока, а најпрецизни беа браќата Дамјан и Војдан Стојановски со 13, односно 11 поени.

Група Д

1.Белгија 11
2.Македонија 11
3.Белорусија 8
4.Данска 6