Лудата рампа на Јанис, клучна за 2:2 во НБА финалето

На водството од 2:0 на Феникс, кошаркарите на Милвоби Бакс одговорија во голем стил и со две добиени партии на домашен терен го израмнија резултатот и ја разгоријата битката за титулата, која постои големи шанси да се одлучива со мајсторка.

Бакси стигнаа до 2:2 во тесен натпревар кој заврши 109:103, а фантастична партија одигра Крис Мидлтон кој заедно со Јанис Андетокумбо го вратија својот тим во игра за прстенот.

Мидлтон блесна со 40 поени, 6 скока и 4 асистенции, а Андетокумбо му помогна со 26 поени, 14 скока и 8 асистенции. Најпрецизен на средбата беше Девон Букер од гостинскиот тим, кој постигна 42 поени, сепак недоволни за триумф.

Клучниот потег на мечот кој се врти во сите медиуми и социјални мрежи е блокадата на Гркот на нешто повеќе од 1 минута до крајот при водство од Милвоки од 101:99.

Потегот е прикажан од сите можни агли.