Кога Џордан ја прекина кариерата поради грозоморното убиство на татко му

Најголемиот на сите времиња, на врвот на својата кариера остана без татко му Џејмс, кој брутално бил убиен од двајца 18-годишници додека спиел во кола на автопат. Мајкл по долга пауза се врати на паркетот и успеа да освои нова шампионска титула во чест на татко му.

Јужна Каролина, 3 август 1993 година. Мочуриште Бенетсвил недалеку од границата на државата. Локалните рибари пронашле тело на маж во распаѓање. Во градите имал прострелни рани.

На местото дошол иследник, а во лабораторија се вршела експертиза. Патолозите го соопштиле името на убиениот после 11 дена - Џејмс Р. Џордан. Време на убиство 23 јуни 1993 година. Три дена по 6-от меч од финалето на НБА меѓу Санс и Чикаго Булс на кој син му постигна 33 поени и на „Биковите“ им ја донесе третата шампионска титула по ред.

Истрагата подоцна ја утврдила целата хронологија на настаните: На 23 јули 1993-та, додека се враќал дома кон Шарлот од погреб, Џејмс Џордан застанал на Автопатот УС 74, јужно од Лумбертон, Северна Каролина за да одмори. За следниот ден имал лет за Чикаго.

18-годишните Даниел Грин и Лери Демери го забележиле лускузното црвено возило Lexus SC400 со регистерски таблички "UNC 0023" кое Мајкл неодамна му го купил на татко му.

Грин и Демери го застрелале Џордан-сениор додека спиел во колата и потоа го откриле возилото. Телото било пронајдено дури неколку 11 дена подоцна, на 3 август. Откако го нашле, поради тоа што било во распаѓање, го идентификувале по снимките од заби кај семејниот заболекар.

Убијците додека ја ограбувале колата, сфатиле дека го убиле таткото на најпознатиот спортист на светот. Ги украле речиси сите предмети од возилото меѓу кои и шампионски прстен од Ол Стар мечот од 1986-та година и часовник кој Мајкл го добил за шампионската титула.

На 23 јули од телефонот на убиениот Џордан ѕвонеле на хот-лајн, а три дена подоцна го одвеле возилото 100-ина километри подалеку.

На 30 јули Грин дури и снимил видео со рап песна на кое го покажувал шампионскиот часовник на НБА ѕвездата од Ол-Стар мечот во 1986-та.

Двајцата убијци биле набрзо уапсени и по брза постапка осудени на доживотни затворски казни.

Подоцна Грин за Чикаго Трибјун раскажал своја верзија на настаните и тврдел дека вечерта кога се случило убиството, тој и Демери биле заедно и дека Демери заминал во 1:30 а Грин останал со пријателите. Кога Демери се вратил, го молел за помош да му помогне да го сокрие убиството.

ЏОРДАН НА ВРВОТ ОД КАРИЕРАТА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД КОШАРКАТА

Мајкл е четврто дете на Џејмс Џордан но со текот на времето тие двајца многу се зближиле. Џејмс му ја пренел љубовта кон бејзболот и кошарката и како мал го носел на тренинзи.

Загубата на татко му потполно го скршила Мајкл. На почетокот на октомври 1993-та година тој одлучи да ја напушти кошарката. Се посвети на бејзбол, спорт кој татко му многу го сакал.

Но љубовта кон кошарката не исчезнала и после неколку месеци Џордан ѝ се врати на портокаловата топка во дресот на Чикаго кој без него веќе не беше иста екипа.

Следната сезона, Џордан ја покажа својата сила и на „Денот на татковците“ во 1996 година (овој празник во Америка обично се одбележува во третата недела од јули) ја освои првата шампионска титула по смртта на татко му. Емоциите целосно го совладаа во тој момент и по крајот на финалната серија со Сиетл кога Чикаго Булс славеше 87:75, најдобриот играч на сите времиња брзо истрча во соблекувалната каде легна на земја и гласно заплака.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Designed for champions. The #AirJordan XI ‘Black/Red’ returns tomorrow. #JUMPMAN

A post shared by Jordan (@jumpman23) on

Кариерата ја заврши со шест освоени шампионски прстени во НБА, освои злато на Олимписки игри 1984 во Лос Анџелес и 1992 во Барселона, 5 пати ја доби наградата МВП за најдобар играч, 14 пати учествуваше на Ол-Стар меч, 3 пати беше МВП на Ол Стар и освои бројни индивидуални трофеи и признанија кои ниту еден кошаркар никогаш не ги достигна. 

14 април 2020 - 15:17