Game 1

Јанис се врати силен како бик, ама Феникс поведе 1-0 во НБА финалето

Фантастичен баскет на двата најдобри тима во моментов во НБА, финале какво што доликува. Во Аризона, пред своите гледачи Санс поведоа со 1:0.

Финалето на НБА стартуваше и зад себе ги остави сите муабети за повреди, скратен календар и разни перипетии.

Првиот меч од големото финале ни подари јак и динамичен баскет. И покрај тоа што еден од најдобрите светски кошаркари, Гркот Јанис Адетокумбо се врати на паркет по незгодната повреда, Феникс Санс го доби Милвоки Бакс 118:105.

Крис Пол (36) одново блесна и покажа дека е главен фаворит за наградата МВП на финалето. Ветеранот бледо го почна мечот и немаше ниеден поен во првата четвртина, но дуелот го заврши со 32 поени (4/7 за три) и 9 асистенции. Најголема поддршка имаше од Деандре Ејтон кој уфрли 22 поени со 19 скока и од Девон Букер кој запиша 27 поени.

Кај Бакс Крис Мидлтон по којзнае кој пат во плејофот беше најефикасен со 29 поени, Јанис Адетокумбо додаде 20 поени со 17 скока а Брук Лопез 17 поени.

Крис Пол во еден момент лошо нагазна при еден пад откако Брук Лопез многу безобразно се подмести да фаулира:

Следниот меч е во ноќта меѓу четврток и петок од 03:00 часот. 

Еден од најмоќните кошаркари на денешницата, снажниот Јанис Адетокумбо успеа да се опорави од повредата и да се врати на време за првиот меч од финалето. Јанис го стартуваше мечот одлично иако го чуваше речиси цел Феникс.