Херојски кош на Мареј со звукот на сирената, од -20 им се вратија

Денвер Нагетс ја зголеми предноста против Лејкерски на 2:0 во плејофот и тоа со луд пресврт. Нов трипл дабл на Јокиќ. Со 20 скока го заврши мечот.

Актуелниот шампион на НБА го доби Лос Анџелес Лејкерс со 101:99 и тоа со шут во последните секунди кој го изведе Џамал Мареј.

Леброн Џејмс и бандата испуштија златна шанса за брејк, бидејќи на полувреме имаа предност од 15 поени разлика, а во третата четвртина +20.

Нагетси практично беа во негатива цел натпревар и првата предност ја остварија токму со последните поени за победа и водство од 2:0.

Никола Јокиќ одигра нова блескава партија со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Мајкл Портер Јуниор мечот го заврши со 22 поени, а Мареј имаше 20 поени и 6 асистенции.

Кај Лејкерси најдобар беше Дејвис од 32 поени и 11 скока, а Леброн Џејмс оствари учинок од 26 поени, 8 скока и 12 асистенции.

Следните два меча се играат во Лос Анџелес. 

23 април 2024 - 08:24