Голден Стејт ја фрли ракавицата, 34 поени на Кари

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Хјустон во првиот натпревар од финалната серија во Западната конференција. Ракетите водеа во првиот дел, но Кари не дозволи изненадување во својата Арена.

ГОЛДЕН СТЕЈТ - ХЈУСТОН 110:106 (1-0)Голден Стејт Вориорс го победуваше Хјустон четири пати во регуларниот дел од сезоната и тоа секогаш со двоцифрена разлика. Ракетите синоќа пружија поголем отпор. На полувремето домаќинот губеше 15 поени разлика, но со серијата 25:6 го преведоа водството и на крај заслужено славеа.

Стефон Кари беше најефикасен со 34 поени од кои 21 во второто полувреме. Шоу Ливингстон уфрли 18 од клупата. Во Хјустон Џејмс Харден беше прв стрелец со 28 поени, 11 скокови, 9 асистенции и 4 украдени топки.

Стеф Кари ги поведе Воините во прв триумф од серијата: