Барса пак го доби Реал со кош во последна секунда

Во првиот меч од финалната серија на шпанската лига, Барселона и Реал Мадрид многу пати се менуваа во водство, за да во последната секунда Стратос Перпероглу на додавање на Наваро го постигне победничкиот кош. Ова е петто финале по ред меѓу овие два тима кои наизменично ја освојуваа титулата.