Атланта загуби со звукот на сирената

Откако Атланта обезбеди пласман во плејофот, тренерот Баденхолцер и неговите играчи си дозволија да се опуштат и загубија во последната секунда од Шарлот.

Тренерот Баденхолцер реши да ги одмори стартерите Милсеп, Керол и Корвер, а Тиг и нашиот Антиќ не играа во последната четвртина. Но оваа одлука на тренерот на Атланта се покажа како кобна и неговиот тим.

Атланта пропушти висока предност од 15 поени во последната четвртина и на крајот загуби со шутот на Крис Даглс-Робертс во последната секунда од натпреварот.

Антиќ одигра 19 минути за кои имаше учинок од 3 поени, 3 скока, 2 асистенции и 1 украдена топка.

Најефикасен кај Атланта беше Мајк Скот со 20 поени, а најдобар на натпреварот беше Ал Џеферсон од Шарлот со 27 поени.

Во четврток во 2 часот наутро по наше време, Атланта ќе гостува кај Милвоки во последното коло од регуларниот дел од сезоната.

15 април 2014 - 08:26