Атланта и Голден Стејт не знаат за доста

Кошаркарите на ГС Вориорс продолжија со одличните игри и по триумфот над Хјустон 105:93, ја забележаа и 14. победа по ред. Њујорк Никс во криза, Кармело се скара со Хардавеј Јуниор. Екипата на Антиќ, во моментов има скор 15:6 и само една победа ја дели од првото место на Истокот.

Хокси рутински дојдоа до деветиот триумф во низа. Овој пат ја совладаа Филаделфија, најслабата екипа во првенството 95:79.

Кајл Корвер и Пол Милсап уфрлија по 17 коша во победата на Атланта, Керол додаде 14 поени и 11 скокови, а Перо Антиќ го заврши натпреварот со 5 коша (2/6 од игра). Русинот Швед со 13 коша беше најефикасен кај Филаделфија. Атланта немала подобар учинок од сезоната 1997/98. 

Стефон Кари и Клај Томпсон заедно дадоа 41 поен во победата на Голден Стејт против Хјустон Рокетс 105:93. „Ракетите“ играа без Двајт Хаувард, а ГС ја забележи 14-та победа по ред што е рекорд на франшизата. Рекорд постави и руки тренерот Стив Кер, како стратег со најмногу победи по првите 20 средби во сезоната со учинок 19:2. За Хјустон тоа беше прв пораз по 4 победи во низа, а одлична партија пружи Џејмс Харден, кој со 34 коша беше најефикасен кошаркар на вечерта. Двајт Хауард го пропушти и десетиот меч по ред и веројатно ќе се врати во сабота, кога Рокетс го пречекуваат Денвер.

Со кошот од одбојка на Бредли Бил на 0,8 пред крајот, Вашингтон го доби Орландо на гостински терен 91:89.

Во дербито на вечерта, Далас го совлада Њу Орлеанс 112:107. Од 26 коша на крајот, Монта Елис постигна 13 во последните пет минути и така им ја донесе 17. победа на Маверикс сезонава. 

Чикаго Булс одигра одлично второ полувреме кое го доби со резултат 54:29 и така славеше против Бруклин Нетс 105:80, а „потегот" на вечерта го имаше Кори Џеферсон.

Њујорк Никс го загубија и 10. натпревар по ред, откако Сан Антонио Спарс беше подобар 109:95.

НБА ТОП 10 потези на вечерта:

 

НБА резултати:
Шарлот – Бостон 96:87
Индијана – ЛА Клиперс 96:103
Орландо – Вашингтон 89:91
Атланта – Филаделфија 95:79
Чикаго – Бруклин 105:80
Минесота – Портланд 90:82
Далас – Њу Орлеанс 112:107
Сан Антонио – Њујорк 109:95
Голден Стејт – Хјустон 105:93
Денвер – Мајами 102:82