Антиќ ја виде фештата во Пиреја и топовските удари во сала

Втор пат во претходните 17 години Панатинаикос остана без титула во кошаркарското првенство на Грција, а Олимпијакос е новиот шампион. И Перо Антиќ во живо беше на прославата.

Во три натпревари во финалната серија од Плејофот, црвено-белите од Пиреја три пати го победија бранителот на титулата и го повторија успехот од 2012. година.

Вчера вечер, во салата на Мирот и пријателството, вицешампионот на Европа рутински излезе на крај со „зелените" од Атина - 93:74. и потврдија дека имаат многу подобра екипа. Василис Спанулис, апсолутниот херој на Олимпијакос по втор пат ја освојува титулата од јули 2010. година кога го напушти Панатинаикос. Токму Спанулис беше најефиксен на мечот со 23 поени.

Грција трет пат во 21. век има шампион којшто не е Панатинаикос. Во сезоната 2001/2002 до титулата стигна АЕК од Атина. ПАО има вкупно 34 титули и е неприкосновен, втор е Олимпијакос со 11 титули, а трет е Арис со 10 титули од кои последната освоена во 1991. година.

Прослава на титулата како на стадион, со бакљи и топовски удари:

Како и минатата година, така и сезонава, Перо Антиќ го искористи слободниот период да отиде во Пиреја и во живо да го следи последниот натпревар од плејофот. Перо се сликаше и со син му на Спанулис.

Хајлајтс од мечот и прослава на титулата со пиротехника:

15 јуни 2015 - 16:01