Американецот со големо срце што едвај чека да заигра во убавата Македонија

Тодрик Гочер има 27 години, роден е во Лабак, град во сојузната држава Тексас каде деновиве често се пишувало за него, од многу интересна причина.

Американскиот бек ја почнал кариерата во тимот на Тексас Теч колеџот, а потоа патот го носи во Европа каде играл за францускиот Шоле, за грчки Ифаистос Лимну, а минатата сезона беше дел од турскиот гигант Бешикташ.

Во грчката лига Гочер докажал дека е одличен шутер со по 12,9 поени во просек по натпревар, по 5,8 скока и 2,2 асистенции.

Во САД Гочер се прославил преку една необична хуманитарна акција. Неколку дена по ред одел низ секое маало во неговиот град и ставал мрежички на речиси секој кош во училиштата и парковите. Успеал дури и да ги замени извитканите и скршени обрачи на некои места.

„Пред некој ден случајно со пријателите го обиколувавме градот и се шокирав кога на повеќе места видов дечиња како играат баскет на кошеви без мрежи, што дефинтивно е најлошото чувство за кој било кошаркар. Тогаш ми текна да направам акција и да ставам мрежи таку каде што нема, за да им овозможам да почувствуваат како е да се игра на голема сцена. Следно дојдоа и скршените и искривени обрачи, што задоволството да се помогне во заедницата го направи уште поголемо. Оддеднаш почнав да добивам уште барања од луѓе кои сакаа да добијат вистински кошеви, на кои со задоволство им одговорив“, изјави Гочер за KCBD NewsChannel 11 и ги освои симпатиите.

Before leaving to go play overseas, Toddrick Gotcher gives back!

Red Raider Toddrick Gotcher did some great work the past few days. You probably didn't even know he was at your house doing it. What makes his net gain gestures even more impressive, Gotcher is leaving to go play pro basketball overseas this week, but wanted to help our youth before he heads out.! Way to go Toddrick!!!!!

Posted by Pete Christy KCBD on Monday, 24 August 2020

Во тв прилогот за него Гочер вели дека е буквално пресреќен што кошаркарската одисеја го носи во Македонија и во градот на спомениците, Скопје.

„Пресреќен сум што кариерата ќе ја продолжам во прекрасната Македонија и во град како Скопје, кого го нарекуваат и град на спомениците. Тоа е земја која се наоѓа помеѓу Грција и Турција, каде што настапував во минатото, поради што добро го познавам карактерот на луѓето во тој регион“, вели Гочер за Македонија.

МЗТ Скопје на 20 август го официјализираше договорот со овој сјаен бек-шутер кој веќе од сабота би требало да и се придружи на екипата.

28 август 2020 - 19:35