Алексеј Покушевски е најмлад играч во НБА со 20+ поени (5 тројки)

19-годишниот српски кошаркар од Белград, лани беше избран како 17-ти пик на драфтот во НБА од Минесота Тимбервулвс која го набрзо го трампаше. Младиот Покушевски претходно играше за Олимпијакос, а сега блесна во Оклахома Сити Тандер.

На мечот Оклахома Сити Тандер - Мемфис 128:122, Покушевски поставил поентерски рекорд на кариерата: 23 поени, 10 скока и 4 асистенции за 39 минути на паркетот.

Од игра имал 7/13, за три поени 5/8 и 4/4 слободни фрлања. Алексеј бил втор стрелец во тимот зад Шеј Џилџес-Александер кој дал 30 поени.

****

Семејството Покушевски живеело во Приштина, но поради војната на Косово и Метохија, во 1999-та година пребегнале во Подгорица. Подоцна се преселиле во Белград каде во 2001-ва година е роден Алексеј Покушевски. Подоцна живееле во Нови Сад.

Покуш, како што го викаат во НБА, заиграл кошарка уште од рано детство, а во 2015-та година заминал во Грција на 13 години во јуниорскиот тим на Олимпијакос. Поради тоа што долги години престојувал во тимот од Пиреја, има двојно државјанство, грчко и српско, но тој решил да игра за репрезентацијата на Србија.

АЛЕКСЕЈ ПОКУШЕВСКИ Е НАЈМЛАД ИГРАЧ ВО НБА СО 20+ ПОЕНИ (5 ТРОЈКИ)