Осум поени за Антиќ, Лејкерс се мачеше со Филаделфија

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Милвоки Бакс 101:88, а Демар Дерозан со поентерски рекорд го предводеше Торонто до триумф над Хјустон Рокетс 99:96.

ЛА Лејкерс после продолженијата славеа во Филаделфија 113:111. Херој на победата на „Езерџиите“ беше рукито Џордан Кларксон кој постигна 26 поени со 11 асистенции и 6 скокови. Кларксон со кош на 0,7 до крајот го реши победникот. Џабари Браун придодаде 22, а Вејн Елингтон 20 поени. Кај Филаделфија се истакнаа Нерленс Ноел со 19 поени и 14 скокови и Ајзеа Канан со 18 поени.
 

Во новата победа на Атланта, најзапазен учинок имаше Демар Керол со 23 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Ал Хорфорд уфрли 18, Пол Милсап 15 поени. Нашиот Перо Антиќ го заврши натпреварот со пристојни 8 поени (2-4 од игра за 15 минути) и 2 скока. Адетокумбо со 18 поени беше најефикасен кај Бакси, а Заза Пачули запиша 17 поени и 13 скокови. Следниот натпревар Атланта Хокс го игра против Пистонс во Детроит ноќеска.
 

Кошаркарот на Торонто Репторс, Демар Дерозан одигра неверојатен натпревар против Хјустон Рокетс. Освен што ги постигна клучните поени во завршницата, Дерозан запиша и рекорд на кариерата со 42 поени (14-27 од игра) со 11 скокови. Покрај Дерозан, одлична вечер кај Торонто имаа и Јонас Валанчунас со 15 поени и 9 скокови и Вилијамс со 13 поени.

Стандардно најдобар во тимот на Хјустон беше Џејмс Харден. „Брадата" броеше до 31 поен (9-22 од игра, 10-12 слободни), со по 5 скокови и асистенции. Ариза имаше 15 поени, 8 скокови и 5 асистенции.

Дерозан сам го победи Хјустон синоќа:

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бостон 104-116
Филаделфија – ЛА Лејкерс 111-113 (после продолжение)
Торонто – Хјустон 99-96
Атланта – Милвоки 101-88
Мемфис – Сакраменто 97-83
Минесота – Јута 84-104
Портланд – Феникс 109-86