17 минути и 2 коша за Перо Антиќ против Њујорк

Голден Стејт не знае за пораз, откако вечерва ја славеа петтата победа во низа. Кави Леонард промаши во последната секунда и Спарси загубија од Њу Орлеанс.

По 2 последователни порази, Атланта Хокс славеше против Њујорк Никс 103:96. За 17 минути колку што беше во игра, Антиќ уфрли само 2 поени а имаше и 2 скока. Најзаслужен за победата на домаќините беше Корвер со 27 поени, а Тиг уфрли 19 коша. Кај поразените Никси, вообичаено прв стрелец Кармело Ентони со 20 поени и 6 скока.

На останатите дуели, Сан Антонио Спарс цел натпревар бркаа негатива против Њу Орлеанс, кој на крајот славеше со 100:99. Мамузите имаа шанса да триумфираат, но Кави Леонард промаши во обидот за 3 поени на секунда пред крајот. За домаќините, Тони Паркер даде 28 коша а Ентони Дејвис го предводеше Њу Орлеанс со 27 поени и 11 скока.

Голден Стејт го доби Хјустон 98:87 и на тој начин го прослави петтиот триумф од стартот на сезоната. Репрезентативецот на САД Стефон Кари игра во страшна форма, а против Рокетс уфрли 34 коша, 20 скока и 5 асистенции. Од друга страна, Хјустон по 6 победи го забележа првиот пораз сезонава. Џејмс Харден со 22 поени, 7 скокови и 7 асистенции беше прв стрелец кај „ракетите“.

НБА резултати:

Лос Анџелес Клиперс - Портланд 106:102
Индијана – Вашингтон 90-97
Мајами – Минесота 102-92
Атланта – Њујорк никс 103-96
Сан Антонио – Њу Орлеанс 99-100
Чикаго – Бостон 101-106
Хјустон – Голден стејт 87-98
Милвоки – Мемфис 93-92