20.000 долари да се намести натпревар на Светско првенство

Дури ни натпреварите од Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе ги гледаат милијарди луѓе низ целиот свет не се имуни на местење.

ФИФА очекува дека и на Светското првенство во Бразил ќе има обиди за местење на натпревари. Шефот на безбедност во ФИФА, Ралф Мучке знае кои натпревари носат најголем ризик, а некои групи и репрезентации веќе се идентификувани како ризични.

„Не очекуваме дека местачите ќе дојдат во Бразил и ќе тропнат на врата кај играчите и судиите, но знаеме дека ќе има контакти. Не можам да ви кажам која репрезентација најмогу ќе биде следена, ниту кои групи ќе ги следиме, но можам да кажам дека најмалку ризична е групата во која е Англија", изјави Мучке.

Според Мучке, најголема опасност има за последното коло од групната фаза, а најлесно е да се намести за кладење со азиски хендикеп и број на голови. За ова е потребно да се договори само судијата или еден до двајца фудбалери.

„Имам информации дека на играчите им се нудат и по 20.000 долари. Местачите одат кај играч или судија. Ако ги одбијат, веднаш одат кај следен", додаде Мучке.

На секој стадион во Бразил ќе има службено лице кој ќе ги надгледува играчите и судиите. Тој ќе може да разговара со осомничените уште на полувреме или веднаш по натпреварот, а на стадионите ќе се користи и специјлна опрема за идентификување на потенцијалните местачи.

30 мај 2014 - 10:47