Зошто Баварците фрлаа тоалетна хартија?

Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.