Знам каде е голот и дека не мрда

Репрезентативецот на БиХ, Ведад Ибишевиќ оваа сезона во германската Бундеслига постигна 13 голови и тоа сите од внатрешноста на шестнаесетникот. Тој за германските медиуми ја откри тајната: „Јас секогаш знам дакде е голот и знам дека не мрда".

Ведад Ибишевиќ во есенскиот дел од сезоната во дресот на Хофенхајм постигна пет, а откако премина во Штутгарт постигна уште осум голови. Ниту еден од овие голови не беше постигнат од надвор од шестнаесетникот, а во интевју за германските медиуми тој ја откри неговата тајна.

Во казнениот простор има време само за еден, а ретко за два допири со топката. Шутирање од прва е секогаш најдобра опција. Јас секогаш знам каде стои голот и знам дека не се мрда. Исто така знам дека голманот најчесто е на средината на голот. Тоа ми е јасно и кога не гледам кон голот и кога сум свртен со грб кон него. Кога играте пред гол, со текот на времето се ви станува автоматизам", изјави Ибишевиќ.

Ведад Ибишевиќ блескаше во германската Бундеслига во сезоната 2008/2009 кога на 17 натпревари постигна 18 голови и беше на добар пат да го урне рекордот на Герд Милер. Но сезоната му пропадна откако заработи повреда на коленото, а во својата препознатлива форма тој полека се враќа откако во јануари оваа година премина од Хофенхајм во Штутгарт за 4,5 милиони евра.

27 април 2012 - 10:40