Жални фотографии од култниот стадион „Местаља“ во Валенсија

Шпанските стадиони веќе една цела година се празни, без гледачи поради глобалната вирусна пандемија. На легендарниот стадион на Валенсија веќе израснала и трева околу столиците.

Стадионот „Местаља“ во Валенсија неколку пати е реконструиран, а последниот голем потфат на реновирање се случил пред 20 години. Но и покрај тоа стадионот е прилично стар.

Во 2007 година почна изградба на „Ноу Местаља“ (Нова Местаља), арена која ќе собира околу 75.000 гледачи, но прашање е дали и кога ќе продолжи изградбата затоа што во 2009-та година биле стопирани сите работи за новиот стадион поради сериозната финансиска криза која со години го тресе овој некогашен европски вицешмапион.