Започна судењето на Џон Тери

Денес започна судењето на капитенот на Челси за навредите на расна основа кон Ентон Фердинанд. Доколку биде осуден за виновен, максимална казна која може да ја добие е 2.500 фунти, што со неговата заработувачка ќе ја исплати за 2 часа и 35 минути.

Џон Тери денес се појави пред судот во Вестминстер каде во следните пет дена ќе му се суди за навреди на расна основа кон Ентон Фердинанд.

Фудбалерот на Квинс Парк Ренџерс го обвини капитенот на Челси дека го навредил за време на нивниот дуел во октомври минатата година.

Фудбалската асоцијација на Англија му ја одзеде капитенската лента, но неговото судење беше одложено за по завршувањето на Европското првенство.

Доколку биде осуден за виновен, максимална казна која може да ја добие е 2.500 фунти, што со неговата заработувачка ќе ја исплати за 2 часа и 35 минути. Секако потоа ќе следи и казна од Фудбалската асоцијација која во сличен случај на Луис Суарез му изрече казна од 40.000 фунти и суспензија од осум натпревари.

Џон Тери и неговите адвокати ги отврфлија обвинувањата, но камерите сепак го уловија на дело.

9 јули 2012 - 12:41