Во студио на ЕСПН врз гостин падна тежок елемент

За време на една емисија на ESPN, FC Radio Colombia во која се дискутирало за Лига на шампиони, врз стручниот коментатор Карлос Ордуз се срушил еден цврст држечки елемент кој го сплескал на бирото. За среќа Ордуз поминал неповреден и набрзо твитнал дека е добро и дека сè е во ред.

„Сакам да ви кажам дека сум добар, веќе ме прегледаа, апсолутно ништо немам освен преживеаниот страв, па смиреност и сакам да се заблагодарам на сите за солидарноста“, рекол Ордуз после неколку минути. 

11 март 2021 - 09:50