Велимирче Шушумигоски го нема во албумот на Панини

Македонскиот репрезентативец Велимирче Шушумигоски купил 500 пакетчиња со сликици од албумот на Панини за Светското првенство во Бразил, но не се нашол себеси.

Во пресрет на Светското првенство во Бразил, кај љубителите на фудбалот почна да владее и треската со собирање на популарните сликици, а магијата на Панини ја опфати и нашата земја.

Сликици собираат и старо и младо и машко и женска и во текот на вчерашниот ден се појавил мал недостаток во трафиките низ неколку населби откако еден човек купувал големи количини на пакетчиња.

Утрово преку Твитер дознавме дека тоа е македонскиот репрезентативец Велимирче Шушумигоски кој по примерот на неговите колеги од другите репрезентации, сакал да си ја најде сликичката со неговиот лик. Но немал многу среќа.

Шушумигоски им се пожали и на креаторите на албумот

но не доби одговор.

16 мај 2014 - 09:45