Украдена цела пратка со сликици Панини

Бразилските медиуми јавија дека во Рио де Жанеиро е украдена цела пратка со 300.000 Панини сликици за Светското првенство.

Необична кражба во Бразил. Крадците не нападнале банка, туку ограбиле магацин и украле сликици Панини кои за многу колекционери вредат цело богатство.

Според бразилските медиуми, украдени биле вкупно 300.000 сликици, односно 60.000 пакетчиња. Сепак дистрибутерите за Бразил уверуваат дека во Рио нема да има недостиг од сликици.

Ова не е прва ваква кражба во Бразил. Пред светското првенство во 2010-та година беа украдени 135.000 пакетчиња во Сао Паоло па во градот еден период имаше недостиг на сликици.

25 април 2014 - 09:10