
Во соопштението се вели дека се уште не е донесена одлука за евентуални санкции за однесувањето на навивачите за време на дуелот против Чешка во првото коло од А групата.
Руската асоцијација има рок од три дена да поднесе жалба на одлуката на дисциплинската комисија.
Според последните информации полицијата во Варшава уапсила 200 хулигани, а во тепачките низ улиците на полската престолнина повредени се 15 лица од кои најмногу се навивачи на руската репрезентација.