Тренерот на Баерн со мегафон им се заблагодари на вработените во клубот

Баерн Минхен со шампионско расположение го одржа првиот тренинг по освојувањето на 10-та титула по ред во Бундеслигата. Шампионите добија аплаузи, ама не беа заборавени ниту оние кои работат во позадина за клубот.

На три кола до крајот на сезоната, Баварците го добија дербито против Борусија Дортмунд со 3:1 и со предност од 12 бода, предвреме ја заверија титулата во Бундеслигата, рекордна 10-та во низа и рекордна 32-ра во историјата.

За ваков успех, недостижен за илјадници екипи се заслужни сите, од играчите, стручниот штаб, економот, па се до секретарката и цела администрција која работи и дише за клубот.

Тоа го знае и Јулијан Нагелсман, кој иако млад, има само 34 години, многу искусно настапи на тренингот по освојувањето на титулата.

Вработените на Баерн се појавија на прозорите и со аплаузи ги наградија играчите, а Нагелсман направи шампионски потег и со мегафон им се заблагодари за придонесот.

Претходно, вработените во клубот и младинците, со шпалир ги пречекаа шампионите.

26 април 2022 - 13:53